|
Дино почина од смртоносен коктел |
|
|
|
[04-10-2008 | 01:11 часот] |
Хрватскиот крал на фанкот Дино Дворник починал од смртоносна комбинација на анти депресиви и таблети за смирување, објави...
... неговото семејство. Така покажале резултатите од обдукцијата и токсиколошката анализа, кои деновиве беа предадени на жената и ќерката на Дворник.. Инаку здравствената состојба на Дворник била добра, бидејќи органите биле во добра состојба и без заболувања. Сите причини за смрт се елиминирани освен онаа од смртоносниот коктел кој го испил пеачот. Семејството замоли за разбирање од медиумите, и побара повеќе да не се бараат изјави во врска со причините за смртта. Дино Дворник почина на 6-ти септември, а 4 дена покасно - бројни обожаватели, пријатели и членови на семејството се опростија со него на необичен начин. Се пееше, и сите беа облечени во шарено - баш како што сакаше тој. 











|