Кроу - со плус 20кг за новата улога Печати Е-меил
[05-10-2008 | 01:18 часот]
 Познатиот холивудски глумец Расел Кроу откри дека за улогата во новиот шпиунски трилер "Body Of Lies" морал да се здебели...

 

...  дури 20кг!

Во филмот Кроу го глуми шефот на ЦИА - улога која одма ја прифатил, но потоа се покајал.

"Режисерот ми се јави и ме праша: дали си спремен за улога за која ќе мора да се здебелиш 20 кг?... и јас одма прифатив, не размислувајќи колку тешко ќе поминам" - изјави познатиот "Гладијатор".

"Кога ќе се погледнам во огледало веќе не сум сигурен. Ова е дефинитивно последен пат да направам нешто волку драстично за улога" - додава Кроу.

Покрај Расел Кроу, во филмот на Ридлеј Скот ќе глуми и ѕвездата Леонардо Ди Каприо.