Во Москва, главниот град на земјата во која живеат најмногу милијардери на светот, отворена е посебна такси служба чиј возен...
... парк го сочинуваат само скапоцени автомобили. Најскапиот во ергелата е Ролс Ројс, а еден час возење со него чини 480 долари. Посебната ВИП такси служба користи скапоцени автомобили од брендови како Мајбах, Ролс Ројс, Масерати, и други... Изборот на автомобилиот зависи само од тоа колку корисникот е спремен да плати. Со оглед на менталитетот на богатите руси, нивниот ВИП такси сервис стана многу популарен меѓу богатите Московјани. Сопствениците на луксузните такси возила ги украсиле автомобилите со стандардни такси ознаки - со цел да привлечат уште повеќе внимание на улиците на Москва. На листата на компанијата најефтино е возењето со Порше, кое чини 140$ за час. За удобно возење во Мајбах се плаќа 340$, додека за Ролс-Ројсот 480$ за час. Иако цените се високи ВИП таксито е премногу популарно. Се нарачува скапоцен превоз за специјален гостин, клиент или партнер. Сопствениците на ВИП сервисот велат дека уште сега немаат доволно автомобили за да ги исполнат сите побарувања...  |