Апдејтувана - тетоважата на Џоли Печати Е-меил
[05-10-2008 | 16:56 часот]
 Анџелина Џоли и Бред Пит го направија своето прво заедничко појавување во јавноста, од раѓањето на нивните близнаци во јули...

 

Парот, за кои имаше безброј шпекулации за нивните проблеми во врската и наводен развод, беа главни ѕвезди на премиерата на филмот на Џоли - "The Changeling" во Њујорк.

Новитет кај парот (кој го приметија новинарите) е тетоважата на левото рамо на Џоли, каде ги има впишано географските координати од каде потекнуваат нејзините деца.

Всушност тетоважата е стара, но сега е "апдејтувана"... со координатите на новите близнаци.