|
По Анастасија, доаѓа и Ријана |
|
|
|
[05-10-2008 | 22:30 часот] |
Откако Анастасија гостуваше на отварањето на најголемото балканско музичко шоу - "Операција Триумф", продуцентската куќа...
... "Emotion" ги продолжува преговорите со светските музички ѕвезди за нивното гостување во шоуто. Според неофицијални извори, гости во серијалот би требало да бидат сексипилната Ријана, и дивата со прекрасен глас Нели Фурдадо - кои би требало да гостуваат во текот на есенва. Заедно со Ријана, би требало да гостува и Дејвид Бисбал, најуспешниот натпреварувач на "Операција Триумф" во светот. - По исклучително позитивниот извештај на менаџментот на Анастасија кои го испратиле во централата на "Universal", тие станале многу заинтересирани за целиот серијал. Од продуцентската куќа "Universal" имаат голема желба да испратат уште некои од нивните топ ексклузивци. - изјави извор од врвот на "Emotion".  |