Резултатите од истражувањето на италијанските научници, откриваат дека неверството може сериозно и негативно да влијае на...
... здравјето, дури до таа мерка да предизвика фатални заболувања. Најголемиот број на неверства предизвикуваат главоболки и мигрена, кои се предизвикани од констрантиот стрес, хипертензија (висок притисок) и исчекување вашиот партнер да ве фати како го изневерувате. Тоа може во екстремни случаи да доведе до анеуризам, или зголемување односно ширење на вените во мозокот. Во испитувањата се покажало дека мажите се поподложни на овој стрес од жените. Истражувањето било спроведено на неколку стотици пациенти кои патат од главоболка и мигрена. Откриено е дека најголемиот број на пациенти, кај кои мигрената била најизразена, имале активна љубовна афера, а константиот притисок и стрес ги довел до таквата состојба. Поради овие негативности од љубовните афери, докторот Пинеси им советува на неверниците да ги избегнуваат кама сутра позите и да се свртат кон класичен секс, за да дополнителни се смали притисокот на срцето. Како што вели тој, кога веќе сте се нашле во љубовна афера: најдобро е да се избегнуваат позите каде мажот стои. |