Сантана ќе се посвети на црквата Печати Е-меил
[05-10-2008 | 23:06 часот]
 Легендарниот музичар Карлос Сантана, кој смета дека има дарба за толкување на Библијата, изјави дека планира да стане проповедник...

 

...  кога ќе престане да се бави со музика и да основа цркава на Хаваи.

Сантана (61), за ВВС изјавил дека верата е неизбежен дел од него, и му помогнала да ги преброди тешките моменти во животот.

"Ќе престанам да свирам кога ќе наполнам 67 години и ќе го правам она што навистина сакам да го правам, а тоа е да бидам проповедник", изјави гитаристот.

Во интервјуто тој ги изнел деталите за мачниот развод после 34 години брак, како и за тоа дека верата му помогнала да ги надмине депресивните мисли вклучувајќи го и самоубиството.

Сантана наскоро планира да го издаде својот 38-ми албум под името - "Multi-Dimensional Warrior", кој ќе содржи постари и не толку познати нумери.

Карлос е еден од најреспектираните гитаристи на светот, повеќекратен добитник на Греми наградите - кои само во 1999 ги доби дури девет.