|
Паметно бикини кое предупредува |
|
|
|
[06-10-2008 | 15:14 часот] |
Иновативно бикини кое ги предупредува сопственичките кога УВ зраците се пресилни - е пуштено во продажба, пишува...
... британскиот Телеграф. "Паметното" бикини има топчиња на препрамките - кои ја менуваат бојата кога сончевите зраци стануваат пресилни, и на тој начин ги предупредуваат припадничките на понежниот пол, да се тргнат од сонцето. Прерамките "работат" и на облачно време, кога човечкото око не може да ја примети потенцијалната опасност од УВ зраците. Етикетата на ова бикини нема податоци за материјалот од кој е изработено, туку содржи објаснување за различното ниво на УВ зраците, и ги наведува соодветните заштитни фактори на кремите за сончање. Корисното бикини може да се купи во различни големини, по цена од околу 64 евра. 
|