|
Необична глетка - небесно стопало |
|
|
|
[06-10-2008 | 15:32 часот] |
Иако во контекст на необичните небесни појави обично се споменува божјата рака, овој пат она што го сними фотографот на оваа снимка, повеќе...
... личи на златно стопало. Пензионираниот банкар Стив Хан ја направи оваа интересна фотка од својата куќа во источен Сисекс во Британија. "Додека од мојот двор уживав во погледот и прекрасното есеонско зајдисонце, забележав гигантско златно стопало на небото. Досега сум видел многу интересни форми на облаци, но ова беше навистина посебно" - изјави пензионерот за медиумите. Во британскиот метеоролошки завод сепак потврдија дека се работи за природно формиран облик на облак - остаток од кумулус.
|