Американските научници на жените ширум светот во 2006-та им ветија дека за две години, на пазарот ќе лансираат пилула за подигање на...
... женското либидо. Времето помина, а женската вијагра е на повидок. За разлика од машката Виагра која е плава, оваа ќе биде розева, а на неа работат експерти од универзитетот во Флорида. Клиничките истражувања на таблетите кај жени кои патат од хипоактивно пореметување на сексуалната желба, односно недостаток на либидо, траат од 2006-та. Тестирањата до сега покажаа дека една пилула дневно, која содржи филбансерин, дава повеќе од позитивни резултати! Експертите тврдат дека во светот, од немање сексуална желба патат 30% од мажите, и 40% од жените. Причината зошто на пазарот не постојат женски таблети за зголемување на либидото, е тоа што жените не реагираат на таблетите кои го зголемуваат дотокот на крв во гениталиите - како што е случајот со мажите и Виаграта. Експертите од Флорида открија дека состојката филбансерин се спојува со рецепторите во предниот кортекс на мозокот, и на тој начин делува на контролата на сексуалната желба. Новата розева пилула моментално поминува обемни тестови, а ако ги помине тестовите на Федералната агенција за лекови, би можела да се најде на пазарот веќе за две години. |