|
Во Дубаи - зграда од 1 километар |
|
|
|
[06-10-2008 | 23:34 часот] |
Државната градежна фирма "Nakheel" ги објави плановите за изградба на кула во Дубаи, која ќе биде висока 1 километар, а со тоа...
... ќе го надмине рекордот за највисока зграда која го држи држи таа држава. Новиот облакодер ќе се наоѓа на простор од 270 хектари, односно во луксузниот дел на градот наречен "Нов Дубаи". Проектот "Нов Дубаи" би требало да биде завршен најдоцна до 2020 година, а ќе чини 38 милијарди долари. Облакодерот "Burj Dubai", кој сеуште не е готов, во септември достигна висина од 707 метри и моментално има 160 спратови. "Burj Dubai" би требало да биде готов овој период идната година, а крајната висина би требало да надмине 800 метри. Новата километарска зграда ќе се наоѓа помеѓу 2 вештачки острови, ќе има 200 спрата, а самиот дизајн е инспириран од исламската архитектура.  |