Новата (борбена) јахта на Абрамович Печати Е-меил
[06-10-2008 | 23:42 часот]
 Кога имате богатство од 20 милијарди долари, можеби е нормално да бидете опседнати со сопствената безбедност. Ексцентричниот Роман...

 

...  Абрамович, според светските медиуми, нарача вртоглаво скапа јахта која специјално за него се изработува во Германија.

Рускиот милијардер, поради безбедносни причини нарача блиндирана мега јахта со детектори за носачи на ракети и посебен радарски систем кој открива приближување на потенцијални терористички бродови.

Огромната јахта "Eclipse" има должина од 167 метри, чини околу 300 милиони евра, и ќе биде најголемото пловило конструирано за приватна употреба.

На јахтата сите прозори ќе бидат блиндирани, ќе има место за 2 хеликоптери и специјален екипаж од 70 членови.

Еден дел од посадата се и членовите на поранешните Специјални сили за управување со бродови.

Рускиот тајкун веќе поседува три големи јахти, но ниедна од нив нема добар сигурносен систем, пишуваат британските медиуми.

Абрамович и неговата 26-годишна девојка Дариа Зукова, поминуваат доста од своето време крстарејќи по медитеранот.

На новата јахта нема да им бидат проблем повеќе гости и пријатели, бидејќи јахтата има 24 луксузни кабини за гости, како и кино сала, базен и ноќен клуб.