Овие неколку мали совети ќе ви помогнат да научите повеќе да уживате во сексот и како сексуалниот врв да трае подолго, да биде...
... подобар и поинтензивен
Дишење Дишењето е основа - не морате да помните комплицирани формули. Она што треба да го сторите ако сакате вашите оргазми да траат подолго е да го засилите вообичаеното дишење. Вдишувањето нека биде подлабоко, а издишувањето пократко. Ослободете ги звуците Задушувањето на звуците е непријател на вашиот оргазам, затоа, засилете го искуството, отворете ја устата и испуштете звук. Не мора да викате за да ве слушнат до другиот крај на градот, но не и да молчете. Ослободувањето на звуците е исклучително важно за подобар секс. Навигирајте Машкиот сексуален механизам е прилично едноставен, од друга страна женскиот е многу посложен, па така ни самите жени не можат да го објаснат. Како тогаш да го разбере партнерот? Затоа ако не му кажете како, каде, со која брзина - тој нема да знае што ве возбудува. Колку повеќе детали - толку пократок пат до оргазам. Мозокот е најсилниот афродизијак Начинот на кој функционира вашиот мозок силно влијае на постигнувањето оргазам. Колку повеќе сигнали ќе му испратите на мозокот, толку полесно ќе го доживеете. Фокусирајте се на звуците, движењата и засилете ги. Машки мотиви Мажите често пати водат љубов за да се чувствуваат посакувани. Сексот за мажите е облик на прифаќање во физичка и емоционална смисла, па така наместо да ви каже дека ве сака, тој страствено ќе води љубов со вас. Со своето одбивање, не одбивате само секс. Пробајте поинаков пристап. Запрете го времето Колку време ви е потребно за да постигнете оргазам? Ако сте на почеток на врска, тоа најверојатно ќе се случи за 10 минути, но доколку сте 10 години во брак нема да ви бидат доволни ниту два часа. Нема сигурна статистика по ова прашање, бидејќи тоа во целост зависи од околностите во кои се наоѓате.  Извор: Вечер |