|
Милионска тужба за Шарлиз Терон |
|
|
|
[07-10-2008 | 15:13 часот] |
Преубавата глумица Шарлиз Терон се соочува со тужба од 20 милиони долари, која на нејзина адреса ја упати швајцарскиот производител..
... на луксузни рачни часовници "Raymond Weil". Имено, ѕвездата во договорот со швајцарците се обрврзала дека ќе го носи нивниот часовник 24 часа дневно, но кога неколку пати во јавноста се појавила без часовникот, челниците на "Raymond Weil" одлучиле да подигнат тужба. Шарлиз се обидела вонсудски да се спогоди со "Raymond Weil", но оваа недела судот одлучил да продолжи со процесот во кој швајцарскиот производител бара одштета од 20 милиони долари. "Raymond Weil" беше најголемиот спонзор на Оскаровката, со 20 милионски договор за 3 години.  |