|
Најубавите Европски кучиња (фото) |
|
|
|
[07-10-2008 | 15:17 часот] |
По повод светскиот ден на животните - 5 октомври, во Унгарија по втор пат по 1996-та, се одржа најголемата Европска изложба на кучиња...
Програмата на изложбата која се одржуваше во Будимпешта од 3-ти до 5-ти октомври, се одвиваше на простор од енормни 60.000 метри квадратни, што ја прави најголемата изложба на кучиња. Учесници со своите кучиња стигнаа од сите краеви на Европа, но сепак најбројни се домакините – Унгарците. Во програмата учествуваа 15.000 кучиња. Организатор на ова меѓународно случување беше унгарскиот "Kennel klub". 






|