|
Дејвид Духовни се излечи од секс?! |
|
|
|
[07-10-2008 | 15:33 часот] |
Ѕвездата на "X-Files" - Дејвид Духовни, вчера конечно се одјавил од центарот за сексуална зависност каде ги помина изминатите два...
... месеца. Адвокатот на глумецот, за медиумите изјави дека Духовни ја завршил терапијата и дека се осеќа одлично. Дејвид Духовни, најпознат по улогата на агентот во хит серијата "X Files", во оваа установа се пријави доброволно бидејќи неговата зависност од секс станала загрижувачка. Духовни, од пред 11 години е во брак со глумицата Теа Леони со која има две деца - 9-годишна ќерка и 6-годишен син. Иронично, во јануари оваа година Духовни доби Златен глобус за улогата на сексуално опседнатиот женкарош во серијата "Californication". Дејвид се спрема за улогата во новиот филм "The Joneses", и се е во ред со него - додаде адвокатот во разговор со магазинот "People". Дејвид Духовни со обожавателка, пред три месеци во Малибу. 



Зар има лек од ова? :) |