Гугл неодамна својот сервис за автоматски превод го дополни и со опцијата за словенечки јазик, но програмата се уште не е...
... усовршена, поради што предизвикува многу комични забуни, јавуваат словенечките медиуми. Така, најчестото машко име Јанез, програмот на Гугл погрешно го преведува како Џонсон, Марибор на англиски станал Сан Франциско, Крањ – Мајами, а Шкофја Лока – Атина. Вниманието на словенечките медиуми ги привлекле интересните преводи на речениците што ги содржат имињата на истакнатите домашни политичари. Ако на пример, се побара превод на реченицата "Јанша е најдобар" се појавува преводот "Sanader is the best". Доколку на словенечки се напише дека Борут Пахор победил на изборите во Словенија, автоматот на Гугл ќе преведе дека тоа се случило во Хрватска. Според словенечките медиуми, во некои случаи станува збор за грешки бидејќи програмот не е ажуриран, а во други и за шеги на словенечките соработници на Гугл. "Програмерите и креаторите на преводот сакале малку да се пошегуваат", објасни за медиумите познавач на проблематиката. 
Извор: Макфакс |