Жените во денешно време почнаа да следат спорт повеќе од било кога. Но... иако многу мажи би сакале жените да уживаат во напнатоста...
... на натпреварот, на нив им е "напнато" нешто сосема друго. Познато е дека мажите гледаат "женски" спортови поради убавите спортистки, но повеќе отколку жените што го прават тоа поради згодните спортисти. Најновото интернет истражување покажа дека мажите не само што сакаат да ги гледаат спортистките, туку и фантазираат за секс со нив. Исто така е востановено дека жените не гледаат важни натпревари заради спортскиот успех, туку заради секси телата на мажите во тесни купачи или дресови. Во истражувањето учествувале 2191 мажи и 1429 жени, на возраст помеѓу 18 и 60 години. Дури 39% од жените се изјасниле дека најсексипилни за нив се пливачите, додека велосипедизмот, според нивното мислење е спорт кој им дава најмалку сексипил на мажите. Од мажите, дури 48% изјавиле дека ги возбудуваат гимнастичарките. Причината е едноставна: Припиените костими им ги нагласуваат облините, а еластичното тело кај нив побудува "нечисти" мисли.  |