Откриен парфем кој подмладува Печати Е-меил
[08-10-2008 | 00:53 часот]
 Од една американска компанија која произведува парфеми, тврдат дека одредени ароми - можат да направат да...

 

...  изгледате барем 8 години помлади!

"The Sun" открива дека компанијата Harvey Prince го креираше "Ageless Fantasy", во соработка со научниците од американскиот универзитет "Rutgers".

Парфемот мириса на "есенција на младоста", која ја носат аромите на ананас, манго, јасминот, заедно со цветовите на цреша и сензуалниот мошус.

Според производителот, кај оние кои ќе го помирисаат овој парфем се јавуваат спомени на детството.

"Наша цел беше да пронајдеме мирис кој и мажите и жените ќе ги асоцира на младост.

Специфичниот мирис на човековото тело се засилува со стареењето, па за "anti-age" парфем треба да се пронајде мирис кој ќе ги неутрализира феромоните, а во исто време и да асоцира на младост", изјави сопственикот на компанијата.

Во Велика Британија овој парфем ќе се најде во продажба од следниот месец, а ќе може да се купи во трговскиот центар "Harvey Nicols" по цена од 76 евра за 100мл.

Кога се работи за делотворноста, новинарите на британскиот таблоид решиле и сами да ја испробаат во сопствена анкета.

Испитаниците кои го мириснале овој парфем се изјасниле дека парфемот им се чини "сладок, цветен и полн со младост", но не забележале значајни промени кога е во прашање одредувањето на староста на личноста која што го носи.