Роналдо отвори своја продавница Печати Е-меил
[08-10-2008 | 01:21 часот]
 Кристиано Роналдо, метросексуалецот со висок стил, продолжува да го шири својот опсесивен бренд "CR7". По 2 години од отворањето...

 

... на првата продавница во неговиот роден град на островот Медеира, Роналдо ја отвори својата втора продавница - овој пат во големиот Лисабон.

Во луксузна продавница со минималистички стил, ќе може да се најде се од линијата на Роналдо: од фармерки и кошули - до модни додатоци како ремени и капчиња.

Како што изјави тој на понеделничкото отворање, се надева на голем успех, и верува дека ќе створи популарен бренд по негов вкус.