Во Иран - кола само за жени Печати Е-меил
[08-10-2008 | 23:20 часот]
 Во Иран во вторникот беше претставен автомобил исклучиво наменет за жените, со електронски уред за помош при...

 

... паркирање и дигалка која го олеснува менувањето на гумите.

Автомобилот ќе биде произведен во нежни женски бои, со внатрешен дизајн кој е прилагоден на женскиот вкус.

Во него ќе биде инсталиран и алармен систем кој ќе предупредува на одредени прекршоци, а ќе има и вграден автоматски менувач, навигациски ситем и аудиовизуелен систем кој ќе ги забавува децата во текот на возењето.

Возилото кое припаѓа на линијата автомобили "Samand", е дизајнирано со консултации од жени-возачи, и во продажба ќе се најде во јуни 2009-та.

Во Иран постои и посебна такси служба за жените со жени возачи. Полната сегрезација е застапена во градскиот превоз, автобусите и подземната железница.

Од компанијата нагласуваат дека потребите на мажите се разликуваат од оние на жените. Овој автомобил во прво време ќе биде наменет исклучиво за домашниот пазар.