Samsung почна со мини лаптоп Печати Е-меил
[08-10-2008 | 23:31 часот]
 Компанијата Samsung влезе на пазарот на лаптопи, и тоа со ултра малиот модел NC10. Првиот лаптоп од оваа јужнокорејска компанија...

 

...  поседува LED екран со големина од 10.2 инчи, со резолуција 1024 x 600 пиксели.

Процесорот доаѓа од Intel, а станува збор за Atom N270 кој работи на 1.6 гигахерци.

Лаптопот (во зависност од потребите на корисникот) има хард диск со капацитет помеѓу 80 и 160 гигабајти, а тежината на лаптопот е само 1,33 кг.

Samsung NC10 е опремен со Bluetooth 2.0, 1.3 мегапикселна камера, и wifi конекција.

NC10 во продажба ќе се појави овој месец, а цената се очекува да биде под 400еу.