Гема Артертон можеби за многу мажи е класична британска убавица, но животниот пат на оваа глумица не бил ни малку лесен. Гема...
... која ја глуми агентката Филедс во новиот "Quantom Of Solace", призна дека е родена со 6 прсти на секоја рака. И по успешната операција, сеуште на рацете на Гема се гледаат траги кои потсетуваат на оваа ретка аномалија. Дополнителните прсти и биле поврзани со малите, па глумицата не можела нормално да ги користи. Во интервју за "Esquire" Гема изјави: "Тоа е моја мала необичност на која сум горда. Таквото нешто ме прави оригинална и различна од другите." Да потсетиме дека на почетокот на оваа година таа откри уште една нејзина тајна, дека родена е со "згужвано" уво. Корекција на ушната школка исто така била направена со хируршка операција. "Родена сум со доста деформитети", изјави глумицата, но се чини дека сеуште не признала се. Алертон, за новиот 22-ти филм за Џемс Бонд - беше избрана на кастинг на кој се пријавиле над 1,500 филмски убавици. 
Трагите од операцијата се сеуште видливи... 
|