Според експертите, еден од знаците кои покажуваат дека жената е во плодните денови е нејзиниот глас. Кога жените зборуваат...
... со пискав глас, тогаш се најплодни, и како што се наведува во студијата - тогаш се најпривлечни за мажите. Гласот на жената станува се потенок, се до моментот на отпуштање на јајце клетките од јајниците - на средината на менструалниот циклус. Во тој период овулацијата на хормоните предизвикува високи тонови при говорот. Добиените резултати од испитувањето се важни, бидејќи покажуваат дека жените сепак имаат (често скриени) сигнали - кои мажите погрешно ги толкуваат. "Ова откритие го претставуваме како доказ дека плодноста ја истакнува женственоста", изјави докторот Грег Брајант од универзитетот во Калифорнија. Претходните студии од оваа област, покажуваат дека периодот на овулација доведува до промена и во движењата и однесувањето на жената. Во овој период жените се облекуваат попровокативно, и лачат посебни телесни мириси со цел да го привлечат спротивниот пол. 
|