Да научиме Џудо со Путин (видео) Печати Е-меил
[09-10-2008 | 00:29 часот]
 По повод својот 56-ти роденден, рускиот премиер вчера издаде ДВД за учење џудо, во кој "тич мајсторот" е токму тој. "Да научиме џудо со...

 

... Владимир Путин" е проект кој рускиот Премиер, носител на црн појас, го изработил заедно со други џудо ентузијасти.

Покрај Путин, меѓу учителите на ова ДВД е и поранешниот светски и олимписки шампион - Јасухиро Јамашита.

Видеото, во кое бившиот КГБ агент ги открива своите џудо тајни, во прво време ќе се продава само по џудо школите низ Русија, а дури потоа ќе биде достапно за пошироката јавност.