Ф1 да се пази од 4-годишниот Лео Печати Е-меил
[09-10-2008 | 14:59 часот]
 Како и многу други мали момчиња, и Леонардо Панајоту е опседнат со коли. Меѓутоа, додека неговите врсници си играат со коли-играчки, ова момче...

 

... кое има само 4 години, ужива зад вистински волан толку добро - што го споредуваат со Луис Хамилтон.

Леонардо вози картинг од 60 кубика кој достигнува брзина од 80км/ч, и е доволно брз за да ги покаже квалитетите на момчето.

Сепак Лео ќе мора да почека уште 4 години за да може и официјално да се натпреварува.

Во меѓувреме, спонзорите кои го препознаа неговиот талент му нудат три годишен договор вреден 15,000 фунти.

Лео тренира 2-3 пати неделно по пет часа.

Неговиот личен тренер изјавува дека тој е неверојатно талентиран за неговите години, и дека сигурно го очекува брилијантна кариера.

Хамилтон (23) почнал да вози картинг на 6 години, а три години подоцна му рекол на сосптвеникот на Мекларен - Рон Денис, дека ќе биде Ф1 шампион. Денес тој води на табелата со предност од 7 бодови пред второпласираниот.