Преставена девојката - робот Печати Е-меил
[09-10-2008 | 15:24 часот]
 Repliee R-1, девојката - робот, е новото "чедо" на јапонските стручњаци за роботика. Роботот изгледа како 5 годишно девојче...

 

...  и е досега најверодостојниот робот на светот.

Repliee R-1 има флексибилна силиконска кожа и многу специјални мотори и сеонзори, за движењето на рботот да биде што послично на човековото.

Овој робот има и придвижувани очни капаци, и фризура типична за таа возраст.

На моменти овој робот потсетува на непријатното дете-робот од филмот "AI: Artificial Intelligence", изјави еден од стручњаците алудирајќи на ликот робот од филмот на Спилберг.

Она што е најбизарно по развивањето на овој робот, е фактот дека луѓето кон неа се однесуваат како кон живо суштество, истакнаа научниците.

"Знаеме дека ова е андроид, но потсвесно кон него се однесуваме како кон девојче."

Тимот стручњаци од Универзитетот за роботика во Осака, тврди дека ова е најсовремениот и наверодостојниот примерок на робот кој постои во светот - открива британскиот Telegraph.