|
Првиот тач-скрин од Blackberry |
|
|
|
[09-10-2008 | 23:19 часот] |
По неколку месеци исчекување, во средата конечно и официјално е преставен првиот Blackberry...
... "тач-скрин" мобилен - Storm. Со оглед на димензиите и тежината од 156 грама, новитетот на компанијата RIM ќе биде одприлика иста големина како iPhone, што значи дека без поголеми проблеми може да се носи во џеб. Првиот мобилен со екран осетлив на допир од канадската компанија Research in Motion, е наменет за бизнис клиентелата, а во Европа ќе биде достапен преку Vodafone. Уредот поседува веб прелистувач, видео и музички плеер, 1гб вградена меморија, microSD со 8гб, 3.5 милиметарски приклучок за слушалки, и подршка за едитирање и читање на Office документи. Секако, покрај 3 инчниот екран осетлив на допир, Blackberry Storm поседува и 3.2 мегапикселна камера со блиц и аутофокус, GPS и Bluetooth. Уште не е позната цената на овој новитет, а достапен за продажба ќе биде веќе од ноември.
|