Дали солариумот е смртоносен? Печати Е-меил
[09-10-2008 | 23:28 часот]
 Лани, дури 43 Австралијци починале како последица од изгореници на кожата од изложување на солариуми...

 

... јавуваат тамошните медиуми.

Истражувањето го спровеле научниците при Институтот за медицински истражувања во Квинсленд, а притоа е утврдено дека најчесто станува збор за појава на рак на кожата, предизвикан од прекумерното изложување на зраците во солариумите.

Само од меланом во оваа земја лани починале 281 лице, а 43 од нив болеста ја добиле од честите посети на солариумите.

Експертите бараат од властите да ги заострат критериумите за издавање работна дозвола - за салоните кои нудат услуги со солариум.