|
Љубљана - најопасна за возење |
|
|
|
[08-10-2008 | 00:00 часот] |
Резултатите од Европскиот совет за безбедност во сообраќајот, велат дека на улиците на Берлин и Париз се најбезбедни за возење, додека...
... во Вилнус и Љубљана е најопасно. Во извештајот за безбедноста на патиштата во Европа има и позитивни трендови. Бројот на погинати на патиштата на европските престолнини се намалил во однос на минатата година, од 1.881 на 1.560. Според податоците на Европскиот совет за безбедност во сообраќајот (ЕТСЦ), стапката на погинати на 100 илјади жители во Берлин во минатата година изнесува 1.64, а во Париз 1.70. Од друга страна, пак, Љубљана лани имала 12.98 погинати на 100 илјади жители, а Вилнус 12,09 погинати - што е скоро за 10 пати повеќе од "безбедните" градови. Интересно е дека од 2001 година до денес, во главниот град на Малта која има тесни еднонасочни улици, нема ниту еден погинат во сообраќајот. 
|