105 годишен живот без секс Печати Е-меил
[10-10-2008 | 17:13 часот]
 105 годишната Британка Клара ја откри тајната за нејзината долговечност. Таа вели - без секс! Клара е веројатно и...

 

...  најстарата девица на светот.

Таа никогаш немала секс, а причината е, како што вели таа - немав време!

Клара почнала да работи за живот уште од 12 годишна возраст, а понатаму, работата и другите интереси ја оставиле без желба за спротивниот пол.

Таа се сеќава на потонувањето на Титаник и првата светска војна.

Екс секретарката која неодамна го прослави 105-тиот роденден вели дека не жали што немала секс, зошто всушност не ни знае што е тоа.

"Пријателите ме прашуваа дали сум лезбејка.

Но одговорот беше - не! Јас само бев зафатена со работа. Никогаш не сум била заинтересирана и сум немала потреба за секс, а не сум имала ни дечко" - вели девицата Клара.