Документарец на Бритни (видео) Печати Е-меил
[10-10-2008 | 23:29 часот]
 По две години падови, проблеми, депресија, рехабилитација, напади на папараци, автомобилски несреќи и...

 

... нервни сломови, се чини дека Бритни конечно се опаметила, а искуствата од тој мрачен период ќе ги раскаже во 90 минутен документарец на музичката "MTV".

Во документарецот "On the Record", поп-принцезата ќе ги раскаже сите сочни детали од нејзиниот живот.

"Сега размислувам и си велам:

Добра личност сум и паметна, но не знам кој к*р ми беше", вели Бритни во документарецот. Таа во својата исповед допрела и некои многу мрачни теми.

"Понекогаш мислам дека сум осамена, бидејќи не се отворам толку колку што би требало.

Постојано сум под надзор, но тоа е единстен начин на кој можам да живеам, а понекогаш се чудам и самата како се носам со тоа", признава Бритни.

Погледнете дел од "On the Record"...