Бројачот на САД снема бројки Печати Е-меил
[12-10-2008 | 00:21 часот]
 Пополарниот бројач на Тајм Сквер во Њујорк, кој го брои Американскиот национален долг, остана без бројки...

 

... кога долгот надмине десет билиони долари. Бројачот кој е поставен 1989 година има можност да прикаже "само" 13 бројки, односно максимум 9,999,999,999,999 долари.

Откако на последната калкулација се покажа дека САД должат 10 билиони и 200 милијарди долари, бројачот едноставно не беше во можност да ја прикаже бројката.

Организацијата која е задолжена за популарниот бројач во Њујорк, објави дека планираат да стават уште две бројки, односно нов бројач со 15 - наместо сегашните 13 бројки.