Следните 200 години се пресудни Печати Е-меил
[12-10-2008 | 15:42 часот]
 Професорот Стефен Хокинг, еден од најголемите научници на денешницата, со истражување на планетите пробува...

 

... да најде спас за човечката раса, но во неговите предвидувања повеќе владее песимизам - отколку оптимизам во прогнозата.

66 годишниот Хокинг во интервју за CNN вели дека клучни за човековата раса се следните 200 години, а дека тие треба да се искористат за населување нови планети.

"Ве уверувам дека во иднина луѓето ќе мораат да живеат и на други планети во вселената", изјави Хокинг, кој инаку боледува од тешка неуро-дегенеративна болест од која е парализиран и комунуцира само по пат на компјутер.

"Тешко дека ќе избегнеме пресудна катастрофа на земјата во следните сто години, а да не зборувам за понатаму.

Човековата раса не смее да ги држи своите јајца во едно гнездо, односно на една планета.

Да се надеваме дека нашето моментално гнездо нема да се распадне пред да го истовариме товарот", додаде Хокинг.

Стефен кој има 12 почесни дипломи, вели дека многу треба да се внимава за да се избегнат идните природни и непридодни катастрофи.

"Оптимист сум. Ако преживееме во следните 200 години, имаме шанса да ја населиме вселената."