|
Украден пиштолот на Џемс Бонд |
|
|
|
[12-10-2008 | 17:16 часот] |
100 илјади евра вредниот пиштол кој Џемс Бонд го користеше во филмот "The Man With The Golden Gun" од 1974, во...
... петокот вечер е украден од студиото "Elstree". Полицијата направила увид, и истрагата е во тек. Украдениот златен пиштол е од 9-тиот серијал на Бонд, каде главната улога ја играше Роџер Мур, и Кристофер Ли (Скараманга) - најмениот убиец кој требаше да го елиминира агентот. Златниот пиштол на Скараманга беше типично Џемс-бондовски, и се склопуваше од пенкало, кутија за цигари и запалка, а за пукање користеше златни куршуми. 
|