Хју Џекмен - Секси и во 40тите Печати Е-меил
[14-10-2008 | 00:28 часот]
 Звездата од "X Men" и со наполнети 40 години покажа тело кое жените ќе ги остави без текст, а мажите да се...

 

...  подзамислат! На плажата во Сиднеј, покажа стомачни мускули и широка насмевка која ја носи со причина.

Можеби неговата тајна е X фактор, но австралискиот глумец изгледа подобро од било кога.

Манекенскиот став го прошета на плажата Бронте во Сиднеј, а по бањањето се упати во блискиот "Royal Motor Yacht Club".

Во друштво со (пре)среќната сопруга Дебора Ли, неговите две деца, и мал круг на пријатели - глумецот го прослави 40-тиот роденден.