Послугата ги крадела Бекамови Печати Е-меил
[14-10-2008 | 15:30 часот]
 Двајца членови од послугата на познатиот пар Бекамови, уапсени се поради сомнение дека им краделе лични работи кои...

 

... подоцна ги продавале на eBay.

Како што пишуваат британските медиуми, приватните гаџети на парот достигнувале солидни суми на аукциите, со што се претпоставува дека крадците солидно заработувале од навидум безвредните предмети.

Полицијата објави дека ги испитува осомничените за кражбите од домот на Бекамови, додавајќи дека жена од 56, и маж од 55 години се уапсени, па пуштени со кауција се до конечната одлука од судот.