Кармен збрчи нов фраер! Печати Е-меил
[27-07-2006 | 23:58 часот]
 Откако проструи информацијата дека ќе се разведува од нејзиниот сопруг, рокерот Дејв Наваро, сексипилната актерка Кармен Електра не чекаше многу за да си најде нов фраер, а овој пат среќата ја имаше Џејми Фокс. Така барем се пишува по таблоидите, а трач...

... интернет страница "Page Six" тврди дека оскаровецот Фокс е во многу блиски, ако не и интимни односи со Кармен.

Двајцата се видени заедно на концерт во холивудскиот ноќен клуб Element. Сведоците на настанот тврдат дека двојката несебично си разменувала прегратки и интимни шепотења, а подоцна се видени дека заедно си заминуваат од клубот.

Кармен Електра и Дејв Наваро, бившиот гитарист на бендовите Jane’s Addiction и Red Hot Chili Peppers, минатата недела и службено најавија развод на бракот преку своите портпароли.