|
Pamela Anderson се омажи! |
|
|
|
[30-07-2006 | 21:44 часот] |
На јахта во близина на шминкерското летувалиште St Tropez, најпопуларната силиконска плавуша на светот влезе во својот втор брак. После тапанарот Tommy Lee, со кого има два сина и познат интернет порнич, повторно го избра музичарот Kid Rock. За пеачот се вери...
... уште пред 4 години во Las Vegas, но нивната врска беше во прекин на неколку пати. Pamela конечно се одлучи за брак и ја спреми јахтата за славните гости. Сопругот на Elton John - David Furnish, покасно им откри на новинарите како тоа било "вистинска rock and roll свадба". Забавата во St Tropez на Pamela не и беше доста, па таа најави уште три продолженија - во Nashville, во Detroit (родниот град на Kid), и на плажа на Malibu.  |