|
Хит песна за Zidane (видео спот) |
|
|
|
[04-08-2006 | 00:23 часот] |
На врвот на сите француски топ - листи за само десетина дена се проби големиот случаен хит "Cup de Boule", реге песна за ударот со глава на Зидан во градите на Матераци. Браќата Emmanuel и Sebastian заедно со Franck во реге стил случајно на зафрканции ја снимиле песната...
...за (сега веќе) легендарниот удар, и без некои поголеми амбиции ја препратиле на околу 50-тина нивни пријатели. Меѓутоа "Cup de Boule", за час постанала огромен хит и им донело мало богатство со продажба на правата за песната на Warner Music France. Само после два дена песната е број два на топ листите и е продадена во 17.000 примероци. Во следните 10 дена продадени се уште 75.000 примероци, а "download-ирана" е 110.000 пати. Мобилните во Франција на секој чекор звонат со заразниот рефрен "Zidane, il a tape" (Zidane го истепа/искрши). А во меѓувреме, Warner припрема Шпанска, Јапонска и Италијанска верзија на хитот. Хитот со спот може да го прегледате овде! А песната со комично видео овде! |