И папата и замери на Мадона! Печати Е-меил
[08-08-2006 | 23:49 часот]
 Како и секогаш контраверзната Мадона, со својата нова турнеја "Conffessions" предизвика бурни реакции кај повеќе верски заедници, вклучително и од папата од Ватикан.  Нејзиниот сопруг Guy Ritchie е во страв дека Мадона (која е следбеник на све попопуларната...

... "Кабала") може и да стане мета на протест против Израелските напади на Либан.

Нејзината турнеја веќе предизвика контраверзности кај католиците и муслиманите чиј настап го нарекоа богохулие. Мадона на турнејата настапува со круна од трња на главата, а се појавува и распната на крст.

Како капак на се, се појави и со маица со натпис "Во Мадона ние веруваме!"

И секако, како последица на бурните реакции кои ги предизвикува, нејзиното обезбедување е рамно на она на Американските највисоки функционери.