|
Парис: ќе одам во манастир! |
|
|
|
[08-08-2006 | 23:59 часот] |
Многубројните обожаватели на Парис Хилтон сигурно се натажија откако размазената 25-годишна наследничка соопшти дека ќе оди во манастир - односно дека размислува за целибат. Зборувајќи за ригорозната одлука пред британските медиуми, Парис се...
... осврна и на бројни други пикантерии од нејзиниот живот, вклучувајќи тука и порно-филм снимен со поранешното момче Рик Соломон, кој 2003-та година ги надмина сите рекорди стаснувајќи најбаран поим на интернет-пребарувачите. „Од таа снимка не заработив ниту долар. Тоа се валкани пари и Рик би тербало да ги даде во добротворни цели за помош на жртвите на сексуално насилство“, вели Парис. „Ми се лоши од машките, па размислувам и за целибат. Со години не сум се сексала, Се бакнувам, но ништо повеќе од тоа и во животот сум имала само двајца партнери“, додава таа. Понатаму Парис вели дека себеси се поистоветува со Лејди Ди, а се поради планетарната популарност и папараците кои секојдневно и го загорчуваат животот. „Ми се случи да морам со голема брзина со авомобилот да се обидувам да им побегнам на папараците и тоа е навистина грозно чувство. Поради тоа имам целосно разбирање за Лејди Ди и проблемите со кои се соочуваше“, изјави Парис.  |