Спортската комедија "Talladega Nights: The Ballad of Ricky Bobby", во трката со последниот филм на Will Ferrell, NASCAR, втор викенд по ред е најгледаниот филм во САД и Канада. Филмот, во кој главната улога ја има John C. Reilly, од петокот до неделата навечер заработи уште плус 23...
... милиони долари, што е доволен показател дека комичарот од „Saturday Night Live“, стана вистински магнет за северноамериканската публика. На второ место, прилично изненадувачи, е најновото остварување на Disney, филмот "Step Up" , кој од самото негово претставување привлече главно млади девојки и заработи вкупно 21 милион долари. Третото место е за филмот, за кој последните неколку месеци постојано се зборуваше, "World Trade Center" , последното остварување на Oliver Stone. Контраверзниот филм за трагедијата на New York на 11ти септември 2001та година, кога терористи ги нападнаа кулите близначки, оствари заработувачка од 19 милиони долари, што е над очекувањата на аналитичарите. Филмот "World Trade Center" е еден од најуспешните филмови на Oliver Stone, човекот кој ги потпишува и филмовите "JFK" и "Nixon". Дванаесетте најгледани филмови за оваа недела остварија вкупна заработувачка за 6,4 проценти поголема, за разлика од истата недела минатата година, а ова воедно е и четврти по ред викенд каде резултатите се подобри отколку оние остварени во исто време минатата година. Во првите десет на листата за најгледани се: 4. "Barnyard" - 10,1 милиони 5. "Pulse" - 8.5 милиони 6. " Pirates of the Caribbean: Dead Man's Chest " - 7.2 милиони 7. "Zoom" - 4.6 милиони 8. "The Descent" - 4.6 милиони 9. " Miami Vice" - 4.5 милиони 10. "Monster House" 3.3 - милиони До крајот на оваа недела во американските кино сали се очекува дебитирањето на филмовите: "The Illusionist", "Snakes on a Plane", "Factotum", "Material Girls" и "Trust the Man". 
Преземено од: Antenna 5 |