Лебдечки кревет од 1,2мил. евра Печати Е-меил
[17-08-2006 | 19:59 часот]
 Холандскиот архитект Janjaap Ruijssenaar дизајнираше кревет кој лебди, а се продава за 1,2 милиони евра по парче. За креветот да лебди се употребени ултра силни магнети кој се вградуваат во подот и на дното на креветот, а тенки челични сајли го држат креветот на место. На...

...  проектот Ruijssenaar работел цели 6 години, а инспирација за неговото дело нашол во филмот на Stanley Kubrick "2001: A Space Odyssey".

Архитектот признал дека постојат неколку ситни недостатоци како што е недостаток на комфор, но визуелниот ефект кој се добива со креветот е неверојатен.

Исто така ги предупреди и заинтересираните кои носат пирсови. Да ги вадат пред легнувањето доколку не сакаат засекогаш да останат "заковани" за креветот од силните магнети кои го држат воздух.