|
Квиско пита - Горење награџује |
|
|
|
[19-08-2006 | 20:44 часот] |
Најпознатиот квиз на сите времиња на просторите на бивша Југославија, кој го следеа 15 милиони гледачи, десет години покасно ни доаѓа во ново издание на Nova TV. Најавите за повторно емитување на легендарниот квиз кој во послеедните месеци можеа да се...
... слушнат, конечно се и службено потврдени од Nova TV и пријавувањето за учество е започнато. Покрај квиско, Квискотеката е незамислива и без златниот тандем Лазе Голуза и Оливер Млакар - кој иако има полни 70 години, во улога на водител ќе го гледаме и во новата Квискотека. Почетокот на ултра популарниот квиз во кој повторно ќе се решаваат игри замки, асоцијации, лицитации и детекции е најавен за оваа есен.  |