Спилберг - најбогат меѓу славните Печати Е-меил
[19-08-2006 | 20:46 часот]
 Според најновата листа на американското списание „Форбс“, филмскиот режисер Стивен Спилберг е најбогата позната личност на планетава, со годишен приход проценет на 340 милиони долари. Прочуениот режисер и продуцент на листата за 2005 година го следат...

... контраверзниот радио водител Хауард Стерн (308 милиони), и колегата Џорџ Лукас (240 милиони).

На четврто место според приходите е кралицата на ток шоуто Опра Винфри, а ја следат комичарот Џери Сајнфелд, голф играчот Тајгер Вудс, писателот Ден Браун, продуцентот Џери Брукхајмер, британската писателка Џоан Кетрин Ролинг, авторка на сагата за момчето волшебник Хари Потер, која единствено не е од САД.