|
Започна првиот стрип покер |
|
|
|
[21-08-2006 | 01:10 часот] |
Во престижниот лондонски локал Cafe Royal овие денови во организација на ирската кладилница Paddy Power, се одржува првото Светско првенство во стрип покер. На првенството ќе учествуваат 200 учесници и учеснички од 12 земји во светот. Секој од играчите ќе мора...
...да носи точно пет одредени предмети за облекување. Играчите смеат да ја задржат крпата во текот на играта, со која е дозволено покривање на интимните делови, но откако најпрвин мора да се покажат откриени. Победникот на натпреварувањето ќе добие награда ’Златен Смоквин Лист’, 10 000 фунти и престижната титула на прв светски првак во стрип-покер. 


 |