Гроздан, ексдечкото на поп - пејачката Каролина Гочева и сопственик на кафулето "Тренд" во Скопје, се обидел да ја врати својата љубов со разладено шампањско додека го минувала годишниот одмор на островот Паг, во Хрватска заедно со својот пријател, шминкерот...
... Александар Билјановски - Дадар. Додека Каролина и Дадар вечерале морски плодови и пиеле скапо вино во еден луксузен ресторан дошол келнерот со уште две чаши и шише шампањско во рацете и и рекол на Каролина дека ова и е поздрав од Гроздан од Скопје. Поп-пејачката шокирана одбила да го прими подарокот со зборовите: "тргни се од тука и ти и виното", и во налет на бес, одмавнувајќи со раката кон келнерот, ги искршила двете чаши на послужавникот. Тој збунет од ситуацијата се вцрвенел и се извинил. Сите гости во ресторанот, тврдат очевидци, останале збунети од постапката на пејачката. Каролина не сакаше да коментира за настанот, но нејзиниот пријател Дадар ни ја потврди случката. - Додека вечеравме со Каролина дојде келнерот и ни рече дека виното е поздрав од Гроздан. Таа не сакаше ни да го прими подарокот ниту да му го слушне името. Останавме збунети како можел да разбере дека сме тука на одмор. Мене ми е многу криво што Каролина го одби подарокот, оти мене баш во тој момент многу ми се пиеше вино, ни рече Дадар. Каролина и Гроздан беа во двогодишна врска која ја продолжија по едногодишната пауза. Претходно беа во долгодишна љубов и важеа за една од најстабилните љубовни двојки на естрадата. Гестот со шампањското е втор, необичен љубовен обид на газдата на "Тренд" да ја врати Каролина.Првпат, поставувајќи билборди низ Скопје со натпис "Каролина те сакам", потег кој дотогаш, а и оттогаш никој не го направи. Но, и тоа не успеа, зашто билбордите за Каролина беа само "погрешен потег во погрешно време". Таа не падна ни на кошницата преполна со бели рози која ја доби од Гроздан на еден од концертите во Универзална сала и во многу други негови обиди да се смират. Во паузата меѓу претходната и обновената врска Каролина му стана девојка на белграѓанецот Михајло, синот на Аркан, со кого инкогнито замина на одмор во Шпанија и откако се врати кажа дека "ова се едни од најубавите денови во нејзиниот живот", дека не е страшно да се раскине и да се најде нова љубов и дека воопшто не е важно колку ќе трае новата врска. Неодамна Гроздан во јавноста се појави со нова девојка, русокоса, на журка во летната дискотека "Колосеум" во Скопје. Двајцата, видно расположени, цела вечер играле и се забавувале крај базенот. 
Преземено од: Вест |