|
Венчавка од 3 милиони долари |
|
|
|
[24-08-2006 | 20:14 часот] |
Џеј Зи и Бијонси планираат неверојатна хип хоп венчавка која ќе ги чини 3 милиони долари. Венчавката се планира за ноември на Карипскиот остров Ангуила. Гостите ќе се почестат со Белуга кавијар вреден 300.000 $, јастози и италијански колачиња, а сето тоа ќе го...
...залијат со Дом Перињон. Фустанот на Бијонсе ќе биде во стилот на оној на Принцезата Дијана, а помеѓу гостите ќе бидат поканети и Опра Винфри и Кофи Анан. Бијонсе изјавила дека ова ќе биде венчавка над венчавките - тврди пријател близок на пејачката. Таа вели дека се чувствува како да живее во бајка па зошто тогаш и нејзината свадба да не биде токму таква? - додава неименуваниот пријател. 
 |