Висок, значи паметен!? Печати Е-меил
[30-08-2006 | 01:09 часот]
 Дали да бидеш висок значи и да бидеш паметен?! Според Американските научници да! Тие неодамна утврдиле дека високите луѓе заработуваат подобро од ниските луѓе, а новата студија покажала дека високите луѓе се и попаметни! „Веќе од третата година, значи пред...

... почетокот на школувањето, и во текот на детството, повисоките деца подобро ги решаваат когнитивните тестови“, се наведува во студијата на научниците од Принстон.

Заклучоците од студијата се базираат на две британски истражувања во кои се набљудувани деца родени меѓу 1958 и 1970 година и на американска студија за поврзаноста на висината и изборот на занимањето.

Според резултатите од студијата, повисоките луѓе избираат подобро платени работи во кои се потребни поголеми вербални и нумерички вештини, како и поголема интелигенција.